Работилница за интегрирано управување со шуми и сливни подрачја

На 17 септември во Скопје, ЦНВП Македонија одржа еднодневна работилница за интегрирано управување со шуми и сливни подрачја со помош на ГИС моделирање и неговата примена во процесот на подготовка на посебните планови за стопанисување со шуми.
Работилницата беше со цел да се претстави новиот пристап кон интегирано управување со шуми во сливни подрачја.
Беа преставени целите на проектот , шумската хидрологија како и процесите на истекување и нивната важност во планирањето во шумарството.
Во рамките на проектот ќе бидат воспоставени две пилот-подрачја, едно во Република Северна Македонија и едно во Албанија на кои ќе се тестираат мерки за интегрирано стопанисување со шумите во сливни подрачја. Пилот подрачјето во нашата држава каде ќе се тестираат предложените мерки за заштита од поплави и ерозија е поставено на Скопска Црна Гора во сливот на Црешевска река, од каде што во 2016 тргна поплавниот бран кон селото Стајковци.
За време на работилницата учесниците дискутираа во групи за теми поврзани со:

  • ГИС моделирање и негова употреба во процесот на планирање (институции, носители на одлуки)
  • Апликација на прилагодени пракси и ГИС моделирање, планирање во однос на воден биланс и мерки за регулирање на истиот (планери)
  • Спроведување и практични импликации кои произлегуваат од ГИС моделирањето во шумарските оперативни работи во сливните подрачја

На работилницата учествуваа претставници од повеќе институции вклучувајќи ги и ЈП Национални шуми кои се и парнери во проектот, но и институции и невладини кои се дирекно поврзани со оваа проблематика.

Проектот “ГеМБалканс – Интегрирано управување со шуми во сливни подрачја” е финансиран од Deutsche Bundesstiftung Umwelt (DBU) и спроведуван од Институтот за истражување за шумска екологија и шумарство (FAWF) и ЦНВП Македонија. Партнери во проектот се: ЈП Национални шуми, Јавното претпријатие за стопанисување со шуми “Србијашуме” и Дирекцијата за заштита и третман на шумите од Албанија.

Scroll to top