ГеМ Балканс – Создавање услови за развој на шумските и сливните подрачја на Балканот

Шумите обезбедуваат голем процент од водата за потребите на: домаќинствата, земјоделието, индустријата, како во рамничарските, така и во планинските предели. Шумите на Балканот зафаќаат значителна површина: околу 40% во Северна Македонија, 39% во Србија, и  26% во Албанија, поради што тие имаат значително влијание при одредување на количината и регулирањето на тековите на површинската и подземната вода, во исто време придонесувајќи за квалитетот на водите за пиење.

Краток опис на проектот

Целта на проектот е да спојат повеќе експертизи (практичари, политичари и други засегнати страни) од областа на шумарство, земјоделство, водостопанство и економија од одредени пилот подрачја за подобрување на ефективноста на шумските екосистемски услуги за шумска хидрологија и материјално вреднување на екосистемските услуги на шумата.
Со цел решавање на предизвиците во врска со заштитата на резервите на површински и подземни води, со проектот се предлагаат модели на планирање за одржливо управување со шумите и сливните подрачја во Северна Македонија и Албанија.
Исто така, со проектот се даваат најдобри примери и практики со кои ќе се обезбеди управување на шумите и сливните подрачја прилагодени на условите на подрачјето и во исто време, заштита на природната средина и обезбедување на одржливо користење на истата.

Преку пристап на мрежно поврзување и регионална соработка, проектот се фокусира на ширење на овие практики во регионот и нивно дистрибуирање до сите релевантни засегнати страни.

Главната цел на проектот е да се подобрат постојните пракси во планирањето на управување со шумите од аспект на подобрување на планирањето на шумската хидрологија во рамките на  плановите за стопанисување во Северна Македонија и Албанија.

Целна група се вработените во секторот за планирање на Јавното претпријатие „Национални шуми“ - Скопје, Дирекцијата за заштита и третман на шумите од Албанија и Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Србијашуме“, како и подружниците и регионалните претпријатија за водостопанство, како и земјоделците кои живеат во близина на шумските подрачја.

Крајни корисници ќе бидат граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија, како и соодветните институции одговорни за стопанисување со води во тие земји, односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија; Министерството за земјоделство, трговија, шумарство и водостопанство на Србија, како и Дирекцијата за заштита и третман на шумите на Албанија.

Главни активности:                                   

  1. Воспоставување на две пилот-подрачја, едно во Северна Македонија и едно во Албанија,  каде ќе се тестираат предложените мерки за заштита од поплави и ерозија како дел од интегрирано стопанисување со шумите во сливни подрачја;
  2. Усогласување на мерките за стопанисување со шумите и сливните подрачја со стандардите на ЕУ;
  3. Зајакнување на капацитетите за планирање во шумарството во однос на аспектите кои се однесуваат на заштита на водните ресурси, како и заштита од поплави и ерозија;
  4. Подигнување на свеста во општеството за да се зголеми разбирањето за екосистемските услуги кои ги даваат шумите во однос на водните ресурси.

Проект „ГеМ Балканс – Создавање услови за развој на шумските и сливните подрачја на Балканот“

* Финансиран од Deutsche Bundesstiftung Umwelt (DBU)

* Спроведен од the Research Institute for Forest Ecology and Forestry (FAWF) како водечки партнер и Connecting Natural Values and People Foundation (CNVP) како координатор на проектот.

СПРОВЕДЕНО ОД