ГеМ Балканс

Создавање услови за развој на шумските и сливните подрачја на Балканот
Главна цел

Главната цел на проектот е да се подобрат постојните пракси во планирањето на управување со шумите од аспект на подобрување на планирањето на шумската хидрологија во рамките на  плановите за стопанисување во Северна Македонија и Албанија.

Целна група

Целна група се вработените во секторот за планирање на Јавното претпријатие „Национални шуми“ - Скопје, Дирекцијата за заштита и третман на шумите од Албанија и Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Србијашуме“, како и подружниците и регионалните претпријатија за водостопанство, како и земјоделците кои живеат во близина на шумските подрачја.

Крајни корисници

Крајни корисници ќе бидат граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија, како и соодветните институции одговорни за стопанисување со води во тие земји, односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија; Министерството за земјоделство, трговија, шумарство и водостопанство на Србија, како и Дирекцијата за заштита и третман на шумите на Албанија.

СООПШТЕНИЈА

Работилница за интегрирано управување со шуми и сливни подрачја

На 17 септември во Скопје, ЦНВП Македонија одржа еднодневна работилница за интегрирано управување со шуми и сливни подрачја со помош на ГИС моделирање и неговата примена во процесот на подготовка на посебните планови за стопанисување со шуми. Работилницата беше со цел да се претстави новиот пристап кон интегирано управување со шуми во сливни подрачја....

Видео упатство- ГИС-базирани решенија во планирањето на шумите

ДОКУМЕНТИ

СПРОВЕДЕНО ОД